На Светското првенство во алпско скијање имаше многу интересни трки, а на алпскиот велеслалом изненадувачки победи Џејмс Крафорд од Канада, кој беше за 0,01 секунда побрз од фаворитот Александер Омот Килде од Норвешка.
Освен драматичниот финиш и изненадувачката победа на Крафорд, оваа трка ја одбележа и еден опасен пад. Доминик Парис беше еден од фаворитите за медал, но трката не одеше како што тој посакуваше.
Во еден момент кога Парис разви брзина од 113 километри на час, скијачот загуби рамнотежа и падна на патеката. За среќа, падот не беше многу опасен, па Парис успеа сам да стане и да се тргне од патеката без посериозни повреди.