Ајакс без многу мака со 4:0 славеше над Спарта Ротердам, а потегот на мечот го имаше репрезентативецот на Гана, Мохамед Кудис. Младиот 22-годишен фудбалер на Ајакс даде атрактивен погодок од слободен удар за 4:0, а овој гол всушност беше посебен за Кудис.
https://twitter.com/i/status/1627368165154889728
Откако погоди, Кудис веднаш го соблече дресот покажувајќи што порака носи на маицата. „Почивај во мир Атсу“ беше пораката која Кудис сакаше да ја испрати по постигнатиот гол.
Некогашниот репрезентативец на Гана, Кристијан Атсу вчера и официјално беше прогласен за мртов откако по 12 дена беше пронајдено неговото тело под рушевините на една зграда во турскиот град Хатај, каде што имаше катастрофален земјотрес.
Mohammed Kudus pays tribute to Christian Atsu after scoring for Ajax ❤️🇬🇭 pic.twitter.com/DaSgEFfb57
— B/R Football (@brfootball) February 19, 2023