Се појави последното видео од Атсу: Толку радост, толку среќа, за потоа да се случи катастрофа (Видео)

Кристијан Атсу е фудбалерот кој по 12 дена потрaга, беше пронајден мртов под рушевините на една зграда во Хатај, градот кој беше еден од најпогодените во катастрофалниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија.

Репрезентативецот на Гана неколку часа пред земјотресот, кој беше со сила од 7,8 степени според Рихтер, се радуваше со своите соиграчи од Хатајспор за победата над Касимпаша. Хатајспор победи со 1:0, а погодокот за триумф го постигна токму Атсу, и тоа од слободен удар во 97-мата минута.

Веднаш по мечот, во соблекувалната на Хатајспор сите фудбалери го славеа Атсу и го скандираа неговото име, а Ганецот беше пресреќен. Никој не ни можеше да претпостави дека неколку часа подоцна Атсу ќе биде затрупан под урнатините.

Дури и судбината си поиграла со Атсу. Фудбалерот планирал да си замине од Хатај, и тоа вечерта пред да биде земјотресот, но откако го постигнал голот за победа, решил да го откаже летот за Франција и останал во градот, кој подоцна беше речиси срамнет со земја од силниот земјотрес.

https://twitter.com/i/status/1622574618052640768

- Оглас -

Најнови вести