Гана планира повлекување на дресот со број 7 во чест на Кристијан Атсу

Фудбалската федерација на Гана се очекува да донесе одлука во репрезентацијата да го повлече дресот со бројот 7, во чест на Кристијан Атсу, фудбалерот кој загина во земјотресот во Турција.

Атсу беше играч на Хатајспор, а идејата е веќе никој да не носи седумка на грбот во националниот тим на неговата земја. Атсу за Гана одигра 65 меча, беше во тимот и на Светското првенство во 2014 година, а во 2015 беше избран за најдобар играч на Африканскиот куп на нации.

- Оглас -

Најнови вести