Диего Симеоне успеа да остане непоразен во надмудрувањето со тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, во дербито на Мадрид. Атлетико одигра 1:1 на „Сантијаго Бернабеу“ во меч на кој гостите беа со играч помалку кога поведоа со 1:0, но на крајот Реал стигна до 1:1.
На овој меч, Симеоне стана тренерот со најмногу мечеви во Примера дивисион за еден клуб. Ова беше 425 натпревар на Симеоне како предводник од клупата на Атлетико и го надмина рекордот на Мигуел Муњоз кој на 424 меча го предводел Реал Мадрид.
425 – Diego Simeone has become the manager with the most games in charge of a single club in the history of LaLiga, surpassing the previous record held by Miguel Muñoz with Real Madrid (424). Myth. pic.twitter.com/2pqDhvdNFi
— OptaJose (@OptaJose) February 25, 2023