„Лудата дружина“ беше првиот клуб во светот кој почна да продава дресови

Клубот чиј дрес го носи Езџан Алиоски, Лидс, има убава прилика во следната сезона да игра во Премиерлигата, а тимот од најголемиот јоркширски град пред 50-тина години воведе една практика која потоа ја следеа сите сериозни клубови низ светот, а тоа е продажба на дресови.

Лидс е формиран 28 години после најстариот клуб на светот Шефилд јунајтед, а во 1961 година решија да играат во бели дресови, по примерот на Реал Мадрид. Во клубот се донесе и човек задолжен за маркетинг, па една од одлуките беше да се почне продажба на реплики од дресовите, со што беа први во светот.

Периодот од 1864 до 1974 им беше најуспешен во историјата, освоија две титули во Англија, а во 1975 година стигнаа и до финале во Купот на европските шампиони, но после тој пораз од Баерн, беше ставен крај на славната ера. На почетокот на 90-тите повторно беа силни, па следуваше голем пад, ново кревање, и пак пад.

Поради грубиот стил на игра, некогаш беа и најомразен клуб во Англија. Сега не се груби, но имаат тренер (Марсело Биелса) чиј прекар е „лудак“ и можеби историјата ќе се повтори и повторно ќе се кренат од пепелта.

- Оглас -

Најнови вести