Болоња за пет години ќе добие супер-стадион

Стадионот „Ренато дал Ара“ во Болоња ќе биде реновиран и за пет години ќе добие модерен изглед, но удобноста ќе значи и помал капацитет отколку сега. Денеска беше направена презентацијата со фотографии како ќе изгледа објектот и внатре и од надвор.

Стадионот е изграден во далечната 1927 година, а последното поголемо реновирање беше за Светското првенство во 1990 година, но токму тој спој на старото и модерното, го прави овој стадион еден од најубавите во Италија. Сега на трибините собира 34.500 гледачи, а после реновирањето, ќе има 27 до 29.000 илјади, што е доволно за потребите на клубот.

Новина е што трибините ќе бидат покриени, и нема да има атлетска патека, туку трибините ќе бидат многу поблиску до теренот. Работите околу реновирањето ќе почнат за една и пол, до две години, а градоначалникот верува дека за пет години, во 2024, стадионот ќе го добие ликот кој го замисли архитектот кој беше дизајнер и на стадионот на Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести