Скапиот и ѕвезден тим на Пари Сен Жермен за кој играат двајца од тројцата најдобри фудбалери на светот, е во аут уште по осминафиналето од Лигата на шампионите.
Баерн Минхен ги користеше своите шанси, а ПСЖ и тие малку што ги имаше, не ги претвори во гол, па исходот е реален. Баварците вечерва дома победија со 2-0, и успеаја за 180 минути игра да не примат гол од Светците.
Ова е голот на Гнабри со кој се разрешија сите дилеми околу патникот во четвртфиналето:
GOAL | 90' Gnabry ⚽️
Bayern Munich 2-0 Paris SG
#FCBPSG
pic.twitter.com/oXopcKRU2W— Halftime Football (@halftimefooty) March 8, 2023