Пари Сен Жермен со години троши огромни пари за да состави екипа со која ќе ја оствари амбицијат освојување на Лигата на шампионите, но никако не успева.
Светците џабе се обидуваат да ја покорат Европа, а најблиску до трофејот беа во 2020 година кога во услови на коронавирус, празни стадиони и помалку мечеви во нокаут фазата стигнаа до финалето.
Но, ПСЖ не е клуб со најмногу одиграни натпревари во историјата на ЛШ, без да го освои трофејот. Првото место во оваа негативна статистика го држи Арсенал.
ПСЖ има одиграно 137 меча во елитното натпреварување, а Арсенал 177. Лондонските Топчии истотака имаа едно финале, во 2006 година.