Фудбалерите на Пари Сен Жермен се намачија, но на крајот победија на гостувањето кај Брест со 2:1. Голот за победа го постигна Килијан Мбапе и тоа во 90 минута, откако го искористи одличното додавање на Лионел Меси.
По завршување на мечот, многу дилеми се отворија дали ПСЖ заслужи да победи, посебно поради тоа што се случи само четири минути пред да биде постигнат победничкиот гол за Светците.
https://twitter.com/i/status/1634682111176110080
Во една ситуација, Мбапе намерно фаулираше Харис Белкебла, а потоа следуваше реакција од фудбалерот на Брест. Го фати Мбапе за нога, а ѕвездата на ПСЖ потоа го направи потегот за кој има многу реакции. Намерно го шутна противникот кој беше на земја. Тоа секако не беше силен удар, но многу пати се казнува реакцијата на играчот.
Судијата овојпат реши да му даде само жолт картон на Мбапе, а иста казна заработи и Белкебла од Брест.