Најдобриот играч на белградското дерби веднаш по мечот почна да се тепа, едвај го сопреа (Видео)

Партизан ја победи Црвена ѕвезда во дербито на АБА-лигата со 92:81 во меч на којшто беше испишана историја во АБА-лигата. Во белградската „Штарк арена“ имаше 17.124 гледачи, што е нов рекорд за дуел од регионалната лига.

Со оваа победа, Партизан сега има биланс од 19 триумфи и само два пораза, додека за Црвено-белите ова беше трет неуспех во 20 средби.

Најдобар играч во редовите на Партизан беше францускиот центар Лесор, кој заврши со 27 поени и осум скока, но добрата игра ја засени со инцидентот кој го направи веднаш по завршувањето на дербито. Лесор агресивно тргна кон Филип Петрушев, двапати силно го оттурна и тука немаше да застане ако не беа останатите играчи да го задржат.

https://twitter.com/i/status/1635404291925225472

- Оглас -

Најнови вести