Златан Ибрахимовиќ нема по добро да го памети мечот на кој стана рекордер на Серија А како највозрасен стрелец во историјата на италијанското првенство.
Милан загуби од Удинезе со 1-3, и потврди дека е во криза, бидејќи во последните три кола, Росонерите освоија вкупно само еден бод.
Удинезе на свој терен немаше победа уште од 18-ти септември, кога го победи Интер со 3-1, а вечерва конечно го прекина постот, и ги израдува своите фанови со нова победа од 3-1 против тим од Милано.
Илија Несторовски беше на клупата за резерви и не влезе во игра.
Ова е историскиот гол на Ибра кој ја носеше и капитенската лента:
Zlatan Ibrahimovic levels the score from the penalty spot.#UdineseMilan pic.twitter.com/2amAYPJ10j
— $ (@samirsynthesis) March 18, 2023