Вулверхемптон во 93 минута се спаси од срам во ФА купот

Тимот од Лига 1 (трета по квалитет за Премиерлигата и Чемпионшип) Шрусбери, за малку не успеа да го елиминира премиерлигашот Вулверхемптон во ФА купот. Гостите се извлекоа во 93 минута со погодокот на Дохерти, па сега ќе имаат реванш на свој терен. Вулверхемптон е дури 54 места на табелите пред Шрусбери.

Манчестер сити немаше никаков проблем со Барнли и „испука петарда“ во мрежата на гостите. Од католичкиот Божик наваму, Сити има дадено дури 34 гола, а Барнли цела сезона во сите натпреварувања (летоска играа и квалификации во Лига Европа) нема толку. „Граѓаните“ имаат дадено 28 гола по ред, без да примат.

Габриел Жесус во новата 2019 година има постигнато веќе осум гола во сите натпреварувања, и тоа е двојно повеќе од било кој негов колега од Премиерлигата. Кевин Де Брујне во минатата и оваа сезона има 10 голови со шутеви од надвор од 16-никот, и со тоа е најдобар во Англија.

Нов меч ќе треба да играат четири парови. Од осминафиналето натаму, нема преигрување, но за оваа рунда, правилата се такви.

Освен Шрусбери, уште еден тим од Лига 1 беше блиску до подвиг против подоброрангиран клуб. Тоа е Портсмут кој после девет години, можеше повторно да биде во осминафиналето од ФА купот, но дома одигра нерешено и ќе треба да се вади на гости кај Квинс Парк Ренџерс. Портсмут го освои трофејот на ФА во 2008 година.

Фановите на Њупорт жестоко славеа на гостувањето кај Мидлсброу, откако тимот во последните секунди се спаси од пораз и се избори за нов меч кој ќе го игра дома.

РЕЗУЛТАТИ: Брајтон – ВБА 0:0, Донкастер – Олдам 2:1, Манчестер сити – Барнли 5:0, Мидлсброу – Њупорт 1:1, Њукасл – Вотфорд 0:2, Портсмут – КПР 1:1, Шрусбери – Вулверхемтон 2:2, Свонси – Гилингам 4:1.

- Оглас -

Најнови вести