Нема крај на проблемите на Бразилецот, мора да го предаде пасошот и да чека одлука каде ќе лежи во затвор

Бразилскиот врховен суд му забрани на поранешниот фудбалер, Робињо (39) да ја напушти земјата, додека не одлучи дали може во татковината да ја отслужи деветгодишната казна за силување која му ја изрече италијанскиот суд.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Манчестер сити и Милан, во Италија е осуден на девет години затвор поради групно силување на девојка во ноќен клуб во Милано во 2013 година.

Робињо вложи жалба поради одлуката, но италијанскиот Врховен суд ја потврди казната, по што беше распишана меѓународна потерница по Бразилецот. Но, бидејќи Бразил не ги испорачува своите државјани кои се барани на потерница, италијанското министерство за правда побара Робињо казната да ја отслужи во својата земја.

Бразилскиот Врховен суд одлучи да му забрани на Робињо да ја напушти земјата и да го предаде пасошот во рок од пет дена, се додека не биде донесена конечна одлука за судбината на поранешниот фудбалер.

Робињо за репрезентацијата на Бразил одигра 100 натпревари и постигна 28 гола, и триумфира на Копа Америка во 2007 година.

- Оглас -

Најнови вести