На „Ванда метрополитано“ се скандираше против Мората

Навивачката група на Атлетико Мадрид, за време на натпреварот со Хетафе, скандираше против Алваро Мората, кој најверојатно ќе стане член на „јорганџиите“ како засилување на нападот. „Гревот“ на Мората е што е дете на Реал Мадрид и го носеше дресот на клубот кој фановите на Атлетико најмногу го мразат.

„Помалку Мората, повеќе Борха Гарсес“ – викаа ултрасите од трибината зад голот кај јужната трибина на стадионот „Ванда метрополитано“.

Тие не се среќни што клубот планира да го ангажира Мората кој е шпански репрезентативец. Истото скандирање упорно го извикуваа во повеќе наврати за време на мечот, но останатите гледачи кои беа на трибините, не се согласуваа со тоа, па ги исвиркуваа најесктремните навивачи на „јорганџиите“.

Борха Гарсес е играч од филијалата на Атлетико и беше на клупата за резерви. Ако дојде Мората, за Борха ќе нема место во нападот и веројатно ќе биде продаден. Ќе биде интересно да се види дали поделеноста на навивачите околу ангажманот на Мората ќе се одрази врз неговиот трансфер од Челзи.

- Оглас -

Најнови вести