Селекторот Благоја Милевски вели дека не е многу загрижен за тоа како реагира дел од јавноста, посебно на социјалните мрежи, а за него најважно е репрезентацијата да оди во вистинска насока и да биде се подобра и подобра на секој нареден меч.
„Мојата работа е јавна. Секој може да каже тоа што го мисли. Не ги читам коментарите на социјалните мрежи. Ако има некои критики тие треба да да бидат издржани. Најважно за мене е во репрезентацијата да се создаде потребната хемија и на секој нареден меч да напредуваме“, рече Милевски, кој воопшто нема профил на ниту една од социјалните мрежи.