Серхио Контрерас, попознат како Коке, следните 15 години може да ги помине во затвор. Коке, кој е некогашен центарфор во Олимпик Марсеј и Малага, во 2017 година реши да ја заврши кариерата, а негов последен клуб беше Арис во Грција.
Само две години подоцна, Коке беше вплеткан во наркосинџир и беше уапсен. По 20 месеци поминати во затвор, беше пуштен на слобода откако плати 15.000 евра кауција. Според информациите во „Мондо депортиво“, сега ќе следува и судска завршница на целиот процес.
Шпанскиот фудбалер е обвинет за управување со криминална организација чија главна дејност била да се набави голема количина дрога, која подоцна со камиони се дистрибуира низ цела Европа.
Обвинителството бара Коке да добие 16 години затворска казна. Првото рочиште во судот е закажано за денеска, а покрај Коке, во обвинителната клупа ќе бидат уште 17 луѓе. Бандата најмногу тргувала со марихуана.
Sergio Contreras Pardo, known as Koke, is again accused of leading an organisation involved in drug trafficking in Spain. The former Marseille player faces a 16-year sentence and a fine of up to €15m. #TeamOM
(@EFEdeportes) pic.twitter.com/xB8RA2fGk7
— News OM 🇬🇧 (@NewsOMInEnglish) March 26, 2023