Ерата на Диего Симеоне како тренер на Атлетико Мадрид се ближи кон крајот, налето ќе си замине од „Ванда Метрополитано“, а управата на шпанскиот тим неговиот наследник го пронајде во Серија А.
Италијанскиот весник „Тутоспорт“ пишува дека изборот на челниците на Атлетико е актуелниот тренер на Аталанта, Џанпјеро Гасперини.
Италијанецот е творец на модерниот стил на игра на Аталанта, која во последните сезони постојано е на врвот во Серија А и неколку пати играше во Лигата на шампионите.
Стилот на игра кој го преферира Гасперини е спротивен на тој на Симеоне. За разлика од Аргентинецот, кој игра дефанзивен фудбал, Гасперини со Аталанта постојано игра на гол повеќе.