Потрагата по Емилијано Сала продолжи без помош од полицијата

Се бара игла во сеното, а не се знае ниту каде се наоѓа сеното. Вака беше опишана потрагата по фудбалерот Емилијано Сала, пилотот Дејвид Иботсон и малиот авион со кој тие двајца патуваа од Нант до Кардиф. Авионот го снема од радар во понеделникот вечерта, додека во лоши временски услови леташе над каналот Ла Манш.

Полицијата во четвртокот го прекина активното барање на остатоците од извесната несреќа, но фановите не се откажуваат, па преку интернет беа собрани повеќе од 220 илјади фунти, кои се доволни за потрагата да продолжи со два брода. Меѓу оние што дале пари се и фудбалерите Илкај Гундоган, Адриан Рабио, Корентен Толисо, тренерот Вахид Халилхоџиќ. Целта е да се стигне до сума од 300.000.

Семејството на Сала, претседателот на Аргентина, најдобриот фудбалер Лионел Меси, побараа да продолжи полициската потрага, но од полицијата ја исклучија можноста дека фудбалерот и пилотот може да ја преживеале несреќата.

- Оглас -

Најнови вести