Кога ја видел сцената од пред три дена на „Камп ноу“, Меси немал дилема околу одлуката!

Лионел Меси е сè поблиску до враќање на „Камп ноу“. Синоќа на каталонското радио беше најавено дека веќе се договорени разговори меѓу таткото на Лионел, Хорхе Меси, кој е и негов агент, со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, што дополнително ги загреа надежите за враќање на Аргентинецот.

Најавено е дека Меси дури се согласил да потпише за многу помала плата од тоа што сега ја добива затоа што е свесен дека Барселона уште е во тешка финансиска ситуација. Парите беа причина поради која Меси мораше да си замине од „Камп ноу“ во јуни 2021 година, кога потпиша двегодишен договор со Пари сен Жермен.

Сега, по неполни две години поминати во ПСЖ, навивачите на францускиот тим почнаа кампања за тоа дека Меси е преплатен и дека не ги покажува игрите за кои е донесен.

Додека во Париз му се прават опструкции на Меси, во Барселона ситуацијата сосема е поинаква. Само пред три дена, навивачите на каталонскиот гигант кои беа на „Камп ноу“ да го следат финалето на „Лига на кралевите“ во мал фудбал, во еден глас го извикуваа името на Аргентинецот.

Над 92.000 навивачи имаше на стадион и од сите страни ечеше „Меси, Меси, Меси“. Според пишувањата, токму овие сцени од „Камп ноу“ биле еден голем плус за Лео да се согласи да се врати во Барселона, клубот во кој помина повеќе од две децении, почнувајќи од тинејџерските денови.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести