Ги извиси кинеските милиони, Арнаутовиќ остана верен на Вест хем

Марко Арнаутовиќ ќе го носи дресот на Вест хем до 2023 година, откако Австриецот со спрско потекло потпиша нов договор. Во изминатиов период се шпекулираше дека Арнаутовиќ ќе се пресели во Кина, „чеканите“ добија и конкретна понуда од засега неименуван кинески клуб во вредност од 35 милиони фунти, додека него го чекаше неделна плата од 200.000 фунти.

Сепак, напаѓачот одлучи да остане во Премиер лигата и да ја потврди верноста на лондонскиот клуб.

Арнаутовиќ во Вест хем пристигна во летото 2017 година, „чеканите“ исплатија 20 милиони фунти на Стоук. 29-годишниот офанзивец досега настапи на вкупно 53 меча и постигна 19 гола, додека сезонава засега брои седум погодоци во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести