Управата на ПСЖ е подготвена во летниот преоден рок да реализира трансфер со кој се надева дека ќе успее да го натера Килијан Мбапе да го промени мислењето и ќе одлучи да остане на „Паркот на принцевите“.
Весникот „Ас“ пишува дека спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос работи на реализација на трансферот на напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.
Според медиумите, Осимен заедно со Кварацхелија се најзаслужни за неверојатната сезона на Наполи кој се ноаѓа пред освојување на шампионската титула и игра во четвртфиналето на ЛШ. Вредноста на Осимен е проценета на 100 милиони евра, но првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис, им порача на заинтересираните екипи дека ќе мора да понудат 150 милиони евра.
ПСЖ ќе се обиде да ја намали сумата така што ќе понуди да плати 100 милиони и во Неапол да испрати некој фудбалер.
Кампос и претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, веруваат дека со купувањето на Осимен, ќе успеат да го убедат Мбапе да остане на „Паркот на принцевите“. Мбапе како еден од условите за да остане во ПСЖ и по 2024 година го постави ангажирањето на квалитетен напаѓач, нешто што Виктор Осимен, сигурно е.