Најдобриот фудбалер на светот за 2022 година според ФИФА, Лионел Меси, најверојатно ќе си замине од Пари Сен Жермен по завршувањето на сезонава.
Иако пред Светското првенство во Катар имаше расположение за продолжување на соработката, работите се сменија и сега Лео е пред заминување. Според пишувањата во весникот „Л‘Екип“, Меси во ПСЖ може да остане само ако прифати огромно намалување на платата од 75 проценти.
Навивачите на парискиот тим постојано го исвиркуваат човекот кој ја спречи Франција да стане светски првак и тоа во комбинација со драстично смалена плата, ситуацијата на Меси ја прави неиздржлива.