Радиото кое прво објави дека Меси ќе потпише за ПСЖ, сега открива каде ќе игра Аргентинецот следната сезона

Лионел Меси во летото 2021 година изненади многумина откако реши да си замине од Барселона и потпиша за Пари Сен Жермен. Заминувањето на Меси од „Камп ноу“ и доаѓањето меѓу Светците прво го соопштија на француското радио РМЦ.

„Лионел Меси ќе игра за ПСЖ следната година. Сериозен сум, Меси ќе биде дел од ПСЖ“, тогаш најави спортскиот новинар Даниел Риоло и не згреши.

По две години поминати во ПСЖ, сега повторно главна тема е каде ќе игра Меси во следната сезона, а денеска повторно во етерот со информација се појавија од радиото РМЦ.

„Лионел Меси ќе го напушти ПСЖ летово, освен ако ситуацијата драстично не се промени. Единствено ако од Доха решат дека приоритет е останувањето на Меси во клубот, но тоа тешко дека ќе се случи“, објавија од радиото.

Најавите се дека од ПСЖ сакаат да му дадат нов договор на Меси, но да му ја намалат платата за 25 отсто. Тоа би значело дека од досегашните 780.000 евра неделно, Аргентинецот ќе добива 585.000 евра за седум дена.

Ако се случи ваков расплет меѓу ПСЖ и Меси, прва опција за седумкратниот освојувач на Златната топка е да се врати во Барселона, каде што навивачите со нетрпение го очекуваат, за разлика од фановите на ПСЖ, кои во последно време сè почесто го исвиркуваат Аргентинецот.

- Оглас -

Најнови вести