Мбапе ќе си добие бонус од 10 месечни плати

Без разлика на постигнатите резултати, па дури и да не освои ниту еден трофеј со Пари Сен Жермен, клубот ќе му исплати на Килијан Мбапе бонус од дури 10 месечни плати. Според информациите на реномираниот француски весник „Л’Екип“, 24-годишниот напаѓач на ПСЖ ќе добие бонус од 60 милиони евра, и тоа благодарение на посебната клаузула што ја има во договорот.

Се работи за таканаречената „клаузула за верност“, односно одлуката на Мбапе да остане во клубот. Ако на овој бонус од 60 милиони евра се додаде и годишната плата од 72 милиони евра, која ја добива Мбапе во ПСЖ, тоа значи дека првата ѕвезда на францускиот фудбал за една сезона од клубот ќе добие 132 милиони евра.

Актуелниот договор на Мбапе со ПСЖ e до јуни 2025 година, а оваа клаузула за верност треба да биде сигурност дека фудбалерот нема да сака да си замине од „Паркот на принцовите“, иако веќе неколку сезони е цел на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести