Фудбалерот на Јувентус може да добие драконска суспензија поради тоа што го улови камерата (Видео)

Првиот меч од полуфиналето во Купот на Италија меѓу Јувентус и Интер заврши без победник 1:1, а непосредно по завршување на мечот, се случи хаос. Во главна улога беа Хуан Квадрадо од Јувентус и голманот на Интер, Самир Хандановиќ.

Квадрадо и Хандановиќ прво влегоа во вербална расправа, а потоа Квадрадо го оттурна противничкиот голман. Хандановиќ не сакаше да остане покусо и тој тргна жестоко кон Квадрадо.

Веднаш се вмешаа повеќе фудбалери за да ги раздвојат, но во тој момент Квадрадо со бокс успеа да го удри Хандановиќ, но, за среќа, ударот не беше премногу силен. Сепак, фактот дека Квадрадо удира кон противничкиот играч може да биде доволен повод за фудбалерот на Јувентус да добие висока казна и суспензија на повеќе натпревари.

Хандановиќ и Квадрадо добија црвени картони, а неколку моменти претходно исклучување заработи и Ромелу Лукаку поради начинот на којшто го прослави израмнувачкиот погодок на Интер во 95-тата минута. 

 

- Оглас -

Најнови вести