Меси не е како Роналдо: Го одби најголемиот договор во историјата според кој ќе заработуваше 13 евра за секоја секунда!

Најдобриот фудбалер во светот, Лионел Меси, ја одби понудата на Ал-Хилал од Саудиска Арабија. Според тоа што го нудеа од Ал-Хилал, Меси требаше да го добие најбогатиот договор во историјата на фудбалот. На Аргентинецот му бил понуден договор вреден 400 милиони евра по сезона.

Меси е играч на Пари Сен Жермен, но неговиот договор истекува на крајот од сезонава. Токму затоа дојде и неверојатната понуда на Ал-Хилал, која сепак е одбиена. Доколку прифатеше да игра за Ал-Хилал, во првенството на Саудиска Арабија повторно ќе имаше ривалитет меѓу Меси и Кристијано Роналдо затоа што Португалецот веќе три месеци е дел од Ал-Наср.

За тоа колку се неверојатни тие 400 милиони евра по сезона, па ако се пресмета, тоа би биле 33,33 милиони евра месечно, 1,1 милиони евра на ден, 46.000 евра на час, 771 евра на минута, односно 13 евра по секунда! Роналдо во Ал-Наср заработува по 200 милиони евра по сезона.

Според најавите, сè поизвесно е дека Меси ќе се врати во Барселона, клубот каде што помина повеќе од 20 години пред да замине во ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести