Спортската прогноза започнува со дербито Олд Фирм

Спортската прогноза овој викенд започнува со големото шкотско дерби, односно Олд Фирм дербито помеѓу Селтик и Глазгов ренџерс, во сабота во 13 часот и 30 минути. Членовите на СЛ клуб на Sport Life кои веќе ги имаат типувано натпреварите, голема предност ѝ даваат на домашната екипа. Дури 82,61% очекуваат победа на Селтик, наспроти само 5,13% кои чекаат победа на Ренџерс, а 12,25% очекуваат дуелот да заврши нерешено. Воедно процентот за победа на Селтик е најголем од сите 13 понудени натпревари.

Во бесплатната акциска понуда на Sport Life се натпреварите од најквалитетните европски лиги, а тука е дерби-дуелот од англиската премиер лига помеѓу Ливерпул и Арсенал. Тука играчите се поделени и процентот е речиси подеднакво ист за двете екипи, 39,91% за Ливерпул и 37,11% за Арсенал.

Најуспешните во секое коло ги наградува Sport Life, а подарокот можете сами да си го одберете под услов да погодите Тринаесетка.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

X Box Series X.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе промашат еден пар, а им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life и за тие со две утки, а се добива ваучер од 500 денари.

Колото ќе биде отворено за прогнозирање од денеска, од 14 часот, па сè до сабота до 15 часот и почетокот на мечот меѓу Емполи и Торино.

 

- Оглас -

Најнови вести