Предупредување за Алкарас: Ако не научиш да го чуваш своето тело, ќе завршиш на патерици на 22 години

Поранешниот италијански тенисер, Гвидо Монако, смета дека младиот Шпанец, Карлос Алкарас, мора повеќе да внимава на своето тело за да избегне тешки повреди и да ја доживее судбината на Рафаел Надал кој цела кариера има проблеми со повредите.

Шпанецот на Мастерсот во Мајами каде загуби во полуфиналето, по шести пат се повреди во последните година дена и ќе го пропушти Мастерсот во Монте Карло.

„Алкарас мора да научи да го чува своето тело, инаку ќе заврши со патерици на 22 години. Тој по турнирот во Мајами изјави дека има проблеми со левата рака и со грбот, како и дека побро помина. Но, мора да извлече поуки од тоа“, вели Монако.

Италијанецот има совет за Алкарас, да се угледа на Новак Ѓоковиќ.
„Ѓоковиќ има идентичен стил на игра во дефанзива, и тоа го прави само на одредени мечеви. Од друга страна Карлос е премногу енергичен и е подложен на многу повеќе повреди“.

- Оглас -

Најнови вести