27.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Борусија Дортмунд го прескокна Лил за четвртфинале во Лигата на шампионите

Борусија Дортмунд се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако славеше на гости против Лил во Франција со 1-2. Овој триумф се покажа како пресуден по ремито 1-1 на првиот меч во Германија.


Џонатан Дејвид донесе водство за Лил во петтата минута по проигрувањето од Исмаили, но Борусија Дортмунд имаше одговор во вториот дел.


Емре Џан израмни од пенал во 54-тата минута, а Максимилијан Бајер се погрижи за пресврт со голот во 65-тата минута. Тоа беше доволно за триумф на Милионерите и пласман меѓу осумте најдобри екипи во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести