Ристовски не му остана должен на Порто: Треба да не респектирате…

Фудбалерите на Порто предвреме ја напушти свечената церемонија при доделувањето на пехарот на победникот на Лига купот, Спортинг, што предизвика доста реакции во Португалија.

Медиумите, но и фудбалската јавност остро го критикуваа неџентлменскиот однос на „змејовите“ кои си заминаа непосредно пред да им биде доделен пехарот на играчите на Спортинг во Брага.

Реагираше и Ристовски со порака на „Инстаграм“, што ја пренесе „О Жого“.

„Треба да ги респектирате противниците, без разлика на пораз или победа. Така повеќе ќе ве ценат и вас“, објави Ристовски на „Инстраграм“, потпишано со победничката фотографија и пехарот од Лига купот.

Во еден од најдраматичните мечеви во 2019 година, популарните „лавови“ од Лисабон најпрво израмнија на 1-1 во 92-рата минута против Порто во финалниот меч што се одигра во Брага, а потоа славеа по пенал-рулетот и ја одбранија титулата од лани.

- Оглас -

Најнови вести