Баерн загуби, но нивните навивачи воодушевија со пораката испратена од „Итихад“ (Фото)

Баерн Минхен претрпе тежок пораз од 3:0 на гостувањето во Манчестер од Сити и ќе биде многу тешко да ја анулира оваа негатива во реваншот. Фановите на Баерн немаа можност да се радуваат на „Итихад“, но од стадионот во Манчестер упатија една моќна порака.

„Глејзерси, Шеик Мансур и сите автократи, надвор! Фудбалот му припаѓа на народот“, пишуваше на пораката од фановите на Баерн Минхен.

Семејството Глејзерс со години е на чело на Манчестер јунајтед, а многу фанови на Црвените ѓаволи негодуваат поради тоа. Во Сити главен е Шеикот Мансур и тој е најзаслужен што граѓаните сега се меѓу најдобрите екипи во Европа и светот.

- Оглас -

Најнови вести