Одредено е каде ќе се игра финалето на шпанскиот куп

Стадионот „Бенито Вилјамарин“ во Севилја, кој е дом на клубот Реал Бетис, ќе биде местото каде што на 25-ти мај ќе се одигра финалето на Копа дел Реј. Иако има уште четири месеци, Шпанците решија уште отсега да го одредат домаќинот за да нема проблеми подоцна, кога одредени клубови не сакаа на нивен терен да се игра.

Теоретски, можно е во финалето да играат градските ривали Бетис и Севилја, тоа би било вистински спектакл, но ако Севилја испадне од Барселона и покрај добиениот прв меч со 2-0, тогаш во игра е потенцијално финале помеѓу најголемите шпански клубови Реал Мадрид и Барселона, што исто така би било фанастично за гледање бидејќи Ел Класико не се игра често на неутрален терен.

Понудата на Бетис беше подобра за Шпанската федерација од таа на Валенсија, која предложи финалето на Купот да се игра на „Месталја“. Плус тоа, во новиот капацитет од 60.720 седишта, стадионот е поголем од тој на Валенсија и е четврти по големина во Шпанија.

Досега финалето во Севилја се играчо четири пати, а по еднаш славеле Барселона (1925 година), Валенсија (1999) и Сарагоса (2001). Стадионот на Бетис првпат ќе биде домаќин на овој настан, а репрезентацијата таму играла 15 пати, од кои и онаа легендарна победа од 12-1 против Малта во последното коло од квалификациите за ЕП 1984, првенство на кое Шпанија дојде до финалето.

- Оглас -

Најнови вести