На Јувентус ќе му бидат вратени одземените 15 бода од Серија А!

Јувентус добил добри вести дека нивната жалба за одземените 15 бода во Серија А ќе им бидат вратени. Жалбата е пред италијанскиот олимписки комитет, од каде што стигнале позитивни вибрации за Старата дама.

Најавено е дека може да се донесе поништување на првичната одлука и да биде отворена нова постапка, за која ќе треба да помине подолго време, што значи дека најверојатно сезоната ќе заврши и Јувентус ќе биде на крајот со освоените 15 бода кои му беа одземени во јануари.

Денеска неколку часа се разгледувала жалбата на Јувентус, а официјалната одлука се очекува да биде донесена утре. Доколку биде одлучено бодовите на Јувентус да му бидат вратени, најтрофејниот клуб во Италија, кој моментално е на седмото место со 44 бода, ќе скокне на третата позиција со 59 бода и ќе биде во позиција за настап во Лигата на шампионите за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести