Јувентус на голема врата се врати во трката за место кое води во Лигата на шампионите преку пласманот во Серија А откако му беа вратени одземените 15 бода. Жалбата на Старата дама беше прифатена и привремено се вратени бодовите кои беа одземени пред неколку месеци.
Со ова, Јувентус сега скокна на третото место во Серија А со 59 бодови, веднаш зад лидерот Наполи, кој има 75 и второпласираниот Лацио. Зад гигантот од Торино сега е Рома со 56 бода на четвртото место, додека надвор од Топ 4 остануваат Милан со 53 бода и Интер со 51 бод. Аталанта е на седмото место со 49 бода.