По одигрувањето на четвртфиналните дуели во Лигата на Европа и на Лигата на конференции, италијанските екипи доминираат во европските купови. Дури пет екипи од Италија обезбедија пласман во полуфиналињата во трите европски натпреварувања.
Интер и Милан ќе играат во полуфиналето во Лигата на шампионите и тоа меѓу себе, Рома и Јувентус се меѓу најдобрите четири екипи во Лигата на Европа, а полифиналист во Лигата на конференции е Фиорентина.
Сезонава, Италија беше застапена со седум екипи во европските купови и само Наполи и Лацио не се најдоа во завршницата. Наполи беше елиминиран од Милан во четвртфиналето од ЛШ, додека Лацио настапот во Лигата на конференции го заврши во осминафиналето.
Италија ќе има сигурен учесник во финалето на ЛШ бидејќи во полуфиналето ќе се сретнат Милан и Интер, додека во Лигата на Европа, Јувентус во полуфилето ќе игра против Севилја, а Рома против Баер Леверкузен. Во Конференциската лига, Фиорентина пласманот во финале ќе го брка во дуелите со Базел.
По Италија, најзастапени во полуфиналињата во европските купови се Шпанија и Англија. Шпанија ќе ја претставуваат Реал Мадрид во ЛШ и Севилја во ЛЕ, додека Англија е застапена со Манчестер сити во ЛШ и Вест Хем во ЛК. По еден претсавник во полуфиналињата имаат Германија во Баер Леверкузен, Холандија во АЗ Алкмар и Шварцарија во Базел.