Јувентус и да биде во првите четири во Италија, може да не игра во Лигата на шампионите

На Јувентус му беа вратени 15-те бодови, клубот е во позиција да биде учесник во Лигата на шампионите во следната сезона, но постои ризик Јуве и да не добие место во елитното клупско натпреварување.

Иако жалбата на Бјанконерите беше делумно успешна и им беа вратени одземените 15 бодови, работата не е завршена, ќе има уште едно судење за отприлика еден месец. Сезоната во Серија А завршува на 4-ти јуни и најдоцна до тогаш мора да има дефинитивна пресуда.

Фудбалската федерација на Италија уште се надева дека може да му изрече нова казна на Јуве со одземање на бодови за оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести