Алкарас го пецна Новак: Тој не ми е најголем конкурент

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас, смета дека Новак Ѓоковиќ не му е најголем конкурент на турнирите на земја и на претстојниот гренслем турнир Ролан Гарос.

Ѓоковиќ вчера беше елиминиран на турнирот во Бања Лука од сонародникот Душан Лајовиќ, а претходно загуби и на стартот од Мастерсот во Монте Карло, со кој започна сезоната на турнири на земја.

„Не гледам дека Новак е во криза. Ѓоковиќ е Ѓоковиќ е секогаш е фаворит на сите турнири, Без разлика на тоа што загуби во Монте Карло и во Бања Лука, тој е голем фаворит во Рим и Мадрид. Но, исто така не сум сигурен дека Новак е мојот најголем конкурент на турнирите на земја“, изјави Алкарас, веројатно алудирајќи на сонародникот Рафаел Надал.

- Оглас -

Најнови вести