Наполи по четврти пат во својата историја успеа во една иста сезона двапати да го победи Јувентус. Вечерва во Торино, наполитанците славеа со 1-0 и си задржаа шансите титулата да ја прослават уште на 30-ти април.
Елиф Елмас влезе во игра во 68-ма минута и беше асистент при убавиот гол на Распадори во 92-ра минута.
Претходно, при 0-0 на Јуве му беа поништени два гола, од кои едниот по интервенција од ВАР собата, за фаул во зачетокот на акцијата, десетина секунди пред голот на Ди Марија.