Биланс од тепачката во Мадрид: Сè почна со фаул на Љуљ над Пантер, најдебелиот крај го извлекоа Ексум и Муса (Видео)

Големата масовна тепачка која предизвика прекин на мечот Реал Мадрид – Партизан е нешто што многу ретко се гледа на терените во Евролигата и претставува срам за актерите на паркетот.

На 1,40 минути до крајот, кога победникот веќе беше решен, Серхио Љуљ направи прилично нечист фаул врз капитенот на Партизан, Кевин Пантер, по што Американецот нервозно тргна кон шпанскиот ветеран да се пресмета. Притрчаа сите играчи од двата тима и почна мешаницата во која имаше и ултимејт фајт потези, како оној на Јабуселе, кој го тресна од земја Ексум.

https://twitter.com/i/status/1651691262972395520

Џанан Муса доби прво удар в лице од Пантер, а потоа Босанецот беше докрајчен од Лесор, кој го фрли на земја.

- Оглас -

Најнови вести