Обрадовиќ се огласи по хаосот во Мадрид и повторно ги освои срцата на сите љубители на кошарката

„Ние во Мадрид дојдовме да играме против Реал, кој е многу квалитетен тим. Имаме 2:0 во победи и многу сум среќен поради тоа. Мислам дека заслужено победивме по втор пат. Тоа што се случи на крајот не е добра слика ниту за Реал, ниту за Партизан. Тоа веќе не смее да се повтори. Од овој момент ќе се обидам да ги смирам сите страсти. Имам пријатели во Реал, тоа е голем клуб, не сакам да се зборува за други работи, само за кошарката. Во Белград треба да ги дочекам достојно. Навивачите кои ќе бидат во салата ќе треба да го бодрат Партизан. Сакам да зборуваме само за кошарката, нема потреба да се зборува за други теми“, рече Обрадовиќ.

Најтрофејниот тренер во историјата на Евролигата откри што ги советувал кошаркарите на Партизан по инцидентот.

„Емоции. Морате да ги контролирате своите емоции и да не реагирате. Сепак, кога некој ќе одговори, се случува ова. Морате да ги контролирате емоциите и кој ги контролира емоциите, има поголеми шанси да направи нешто во спортот“, е советот на легендарниот српски тренер.

Останува дисциплинската комисија на Евролигата да одлучи какви ќе бидат казните за сите учесници. Тоа што е јасно е дека во тепачката, кошаркарот на Партизан, Данте Ексум заработи повреда која може да е сериозна.

Целиот хаос и тепачката од теренот во Мадрид може да ја видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести