Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, говореше за можноста Меси да се врати во Барселона, истакнувајќи дека тоа нема да биде воопшто лесно.
„За мене оваа работа во моментов изгледа многу комплицирана. Има уште време, но ќе мора да има отпуштања на играчи и намалување на платите за да може Меси да биде регистриран. Тука не ни е позната ниту неговата плата“, вели Тебас и додава дека Барселона не е ПСЖ.
„Барселона не е како ПСЖ, кој заради богатството може да си дозволи високи плати за фудбалерите. За да се доведат играчи, мора да се намалат платите на тие кои се веќе тука. Тоа е како подземна железница. Мора луѓето да излезат за да влезат други.“