Одлуката на дисциплинската комисија на Евролигата да казни по двајца играчи на Реал Мадрид и Партизан, очекувано предизвика реакции меѓу фановите.
Многумина очекуваа подрастични казни, посебно за тие за кошаркарите на Реал Мадрид, и се надеваа дека Гершон Јабуселе ќе добие повеќе од пет меча суспензија, Габриел Дек повеќе од еден, како и дека ќе бидат казнети и Серхио Љуљ и Џанан Муса.
Во анкетата на каталонскиот весник „Мундо Депортиво“, шпанските фанови се разочарани од изречените казни.
„Овие казни се навреда за интелигенцијата, Реал како воопшто да не е казнет. Дон Флорентино Перес брзо реагира во канцелариите и сè завршува со мал инцидент. Со други зборови, сè се одлучува на „Сантихаго Бернабеу“. Овие казни само долеваат масло на огнот кој ги чека во Белград. Се молиме ништо сериозно да не се случи“, напиша еден од читателите на „Мундо Депортиво“.
„Со други зговори, по срамната тепачка која ја предизвикаа играчите на Реал Мадрид, во следниот меч Партизан ќе игра без тројца кошаркари, а Реал без двајца. Како е тоа можно?“, се прашува друг читател.