Меси доби важна порака од првиот човек во шпанскиот фудбал: Те чекаме со раширени раце

Претседателот на фудбалската федерација на Шпанија (РФЕФ), Луис Рубијалес, изјави дека Лионел Меси ќе биде дочекан со раширени раце ако одлучи да се врати во Барселона, пишува весникот „Ас“.

„Не знаеме дали Барселона преговара со Меси. Тој е единствен, спектакуларен и фантастичен. Што се однесува до неговото враќање во Барселона, јас нема да се мешам“,изјави Рубијалес.

Првиот човек на шпанскиот фудбал смета дека сите најдобри играчи сакаат да настапуваат во Ла Лига и нормално е Меси да се врати во Барселона.

„Сите во Шпанија и сите кои го следат шпанскиот фудбал сакаат најдобрите фудбалери да играат во Ла Лига. Што се однесува до Меси, дали ќе се врати или не, е прашање наменето за него или за Барселона, а не за мене. Меси е единствен и секогаш ќе му посакувам се најдобро. Ако се врати, ќе биде дочекан со раширени раце“, додаде Рубијалес.

- Оглас -

Најнови вести