Гвардиола вечерва може да го надмине Мурињо и да биде број 1 во Премиер лигата

Манчестер сити вечерва гостува кај Њукасл, а мечот ќе има посебно значење за тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола. Актуелниот првак на Англија ќе брка триумф за да стане блиску до Ливерпул, кој е лидер во Премиер лигата, но и за да му го честитаат 100-тиот меч на шпанскиот стратег во првенството.

Ако победи Сити, Гвардиола ќе стане тренерот со најмногу победи во Премиер лигата по првите 100 првенствени меча. Засега Гвардиола во 99 средби има 73 победи, колку што победил и Жозе Мурињо во првите 100 средби како предводник од клупата во англиското првенство. Мурињо имал и 18 ремија и само 9 порази, додека Гвардиола е со 15 ремија и 11 неуспеси.

На листата на најдобри тренери во првите 100 меча следуваат Мануел Пелегрини со 65 победи, 17 ремија и 18 порази, па Алекс Фергусон (62-25-13) и Роберто Манчини (62-19-19). Ако Сити победи вечерва против Њукасл, Гвардиола ќе биде најуспешниот тренер во англиското првенство по 100 одработени меча како тренер.

 

 

- Оглас -

Најнови вести