МЗТ Скопје му дозволи на Кожув да даде само 6 поени во една четвртина, Пелистер поведе против Феникс 2010

Кошаркарите на актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје поведоа со 1:0 во победи на стартот од плејофот откако вечерва славеа со 83:69 над Кожув.

Металците одиграа две разлини полувремиња, во првото одиграа доста послабо од противникот, за во второто да покажат зошто се шампиони.

Лошата игра во првото полувреме, го натера тренерот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ на реакција за да ја „размрда“ екипата и тоа го чинеше исклучување. Имено, при резултат 39:49, Николиќ лут по една одлука на судиите, дојде до средина на теренот за да протестира. За тој потег заработи исклучување, а истата судбина го снајде и Абу кој од клупата влета на теренот, откако играчот на Кожув, Гордон, се удри во тренерот на МЗТ  и бурно реагираше.

МЗТ Скопје одигра неверојатна трета четвртина која ја доби со убедливи 24:6 и во последните десет минути влезе со предност од 63:55. Во последната четвртина кошаркарите на Кожув се обидуваа да се вратат во игра, дојдоа и до минус четири (71:67), но МЗТ Скопје одговори со серија 7:0 и ги реши сите дилеми околу победникот. Дамјан Стојановски со 29 поени беше најдобар кај шампионот, неговиот брат Војдан даде 21, а Кефи 15 поени, додека Гордон ја предводеше листата на стрелци кај Кожув.

Предноста на домашен терен ја искористи и Пелистер кој во драматична завршница, со 90:86 го совлада Феникс 2010 и поведе со 1:0 во победи во серијата кој прв до два триумфи.

Натпреварот помина во израмнета игра, најголемата предност ја имаше домашниот тим кој во третиот дел поведе со 65:52, но гостите експресно се вратија со серија 0:8.
во последната четвртина, имаше идентично сценарио, Пелистер ќе направеше предност која Феникс 2010 знаеше да ја стигне.

Така беше и по положувањето на Митревски, намали на 81:80 на две и пол минути до крајот. Во последните 100 секунди, Стајиќ постигна тројка со која Пелистер поведе со 87:82, а потоа и Карутерс даде тројка за недостижни 90:84 со кои Пелистер ја завери победата.

Бобан Стајиќ со 22 беше најпрецизен кај Пелистер, додека кај Феникс 2010, најдобар беше Андреј Митревски со 28 постигнати поени.

- Оглас -

Најнови вести