Халанд е незапирлив, го брка рекордот на “најголемиот напаѓач кој некогаш постоел“

Норвешкиот репрезентативец, Ерлинг Халанд, игра сезона од соништата во Манчестер Сити. Со 50 погодоци во сите натпреварувања оваа сезона тој веќе собори неколку рекорди, но сега за цел го има рекордот над рекордите кој е стар речиси 100 години, а за тоа му се потребни уште 13 голови до крајот на сезоната.

Во сезоната 1927/28, сега веќе починатиот напаѓач на Евертон, Дикси Дин, на 41 натпревар во сите натпреварувања постигнал 63 погодоци. Од тогаш се верува дека тој е најголемиот напаѓач кој некогаш постоел и дека неговиот рекорд никогаш нема да биде соборен. Сепак, Халанд има можност да го собори, бидејќи до крајот на сезоната ќе одигра уште максимум 10 натпревари. Во премиерлигашката конкуренција Манчестер Сити за играње уште шест натпревари, потоа финалето од англискиот ФА Куп и најмалку два натпревари во Лигата на шампионите, кои може да бидат и три доколку Сити обезбеди пласман во финалето.

Норвежанецот само во Премиер лигата оваа сезона има постигнато 34 голови, дури 9 повеќе од второпласираниот Хари Кејн од Тотенхем. Неговите 50 голови оваа сезона се повеќе и од головите на седум премиерлигашки екипи.

- Оглас -

Најнови вести