Женската фудбалска репрезентација на Македонија денеска ги дозна противниците во првото издание од Лигата на Нации. На ждрепката која се одржа во Нион, фудбалерките се најдоа во дивизијата Ц и добија соседска група.
Македонија е дел од групата 5 заедно со селекциите на Бугарија и Косово.
Првопласираната репрезентација во групата, ќе обезбеди пласман во дивизијата Б.
Првото и второто коло ќе се играат од 20-ти до 26-ти септември, третото и четвртото од 25-ти до 31-ви октомври, додека петтото и шестото коло ќе се одиграат од 29-ти до 5-ти декември.
А1: Англија, Холандија, Белгија, Шкотска.
А2: Франција, Норвешка, Австрија, Португалија.
А3: Германија, Данска, Исланд, Велс.
А4: Шведска, Шпанија, Италија, Швајцарија.
Б1: Република Ирска, Северна Ирска, Унгарија, Албанија.
Б2: Финска, Романија, Словачка, Хрватска.
Б3: Полска, Србија, Украина, Грција.
Б4: Чешка, Словенија, БиХ, Белорусија.
Ц1: Малта, Молдавија, Летонија, Андора.
Ц2: Турција, Луксембург, Литванија, Грузија.
Ц3: Азербејџан, Црна Гора, Кипар, Фарски Острови.
Ц4: Израел, Естонија, Казахстан, Ерменија.
Ц5: Македонија, Косово, Бугарија.