Младите го поправија впечатокот, ја совладаа Црна Гора со 2-1 (Видео)

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 18 години ја совлада Црна Гора со 2-1 на вториот пријателски натпревар во Бар.

Првото полувреме заврши нерешено 1-1 откако најпрво Црна Гора дојде во водство преку Вујисиќ во 29-тата минута, додека Македонија израмни преку Давид Ристовски во 38-мата минута.

Конечниот резултат беше поставен во 91-вата минута, а човек на одлука беше Давид Матсеки, кој успешно ја заврши школската контра на Македонија.

За разлика од првиот натпревар кој го загубивме со 3-0, денес избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ одиграа многу подобро, за што говори и резултатот. Според играта, Македонија можеше да забележи и поубедлива победа.

- Оглас -

Најнови вести