Висок пораз на младите фудбалери против Црна Гора

Фудбалската репрезентација на Македонија за фудбалери до 18 години доживеа висок пораз од 3-0 на пријателскиот натпревар кој се одигра попладнево во Бар. Домашниот состав во текот на целиот натпревар беше подобар противник и сосема заслужено дојде до победата.

Резултатот беше отворен во 28-мата минута преку Скробановиќ. До полувремето домашните постигнаа уште еден погодок, стрелец беше Вукчевиќ во 32-рата минута.

Конечните 3-0 ги постави Перовиќ во 90-тата минута.

Овие две селекции ќе одиграат уште еден контролен натпревар, и тоа во четврток со почеток во 12 часот, повторно во Бар.

- Оглас -

Најнови вести